Достапни линкови

Груевски: Од новото мнозинство се очекува поинаков пристап за името


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски во својот говор во Собранието непосредно пред изборот на новата влада изјави дека неговата партија била предмет на операција на надворешни центри со цел промена на власта во земјата. Како што рече Груевски главна причина за ова надворешно дејствуавње било барањето на ВМРО ДПМНЕ за фер решение за името.Тој посочи дека стратешка цел на партијата е фер решение, а не решение кое ќе ја обезличи државата.Според него од новото парламентарно мнозинство очигледно се очекува поинаков пристап кон прашањето за името.

Груевски во својот говор истакна дека ВМРО ДПМНЕ за време на нивното владеење направиле многу реформи и оти досега немало власт со поголем учинок.

XS
SM
MD
LG