Достапни линкови

Обвинителството побара притвор за директорот на Клиниката за нефрологија


Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство отвори истрага против директорот на Клиниката за нефрологија, Александар Чапаровски, поради примање поткуп. Од ОЈО соопштија дека тој, во својство на лекар, извршил кривично дело примање поткуп поради што надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка доставил Предлог за определување мерка притвор во траење од 30 дена.​

Чапаровски беше уапсен вчера по пријава од родител на малолетно дете на кого директорот му барал мито.

XS
SM
MD
LG