Достапни линкови

Пратениците расправаат за изборот на новата влада


Продолжение на конститутивната седница на деветиот парламентарен состав. Собрание.

Во Собранието на Република Македонија втор ден пратениците расправаат за составот и програмата на новата влада, а најдоцна до полноќ треба да се изгласа предложеното решение со најмалку 61 глас.

Според пратениците од ВМРО-ДПМНЕ понудената владина програма е гол популизам, има општи тези без конкретни рокови. Тие имаа критики и за зголемениот број министри. Пратениците од СДСМ, пак, сметаат дека предвидените проекти се гарантирани зашто се базираат на реални проекции и можности, а владиниот тим го сочинуваат луѓе докажани во својата струка.

Павле Богоевски, пратеник од владејачкото мнозинство кој беше дел од Шарена револуција рече дека ВМРО ДПМНЕ остава држава каде е нормално „криминалецот дрско и алчно да се држи до власта, и две години од откривање на телефонски разговори.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ со забелешка до претседателот на Собранието Талат Џафери дека само на пратениците од неговата партија им се обраќа на албански јазик, со што го крши законот.

Џафери пак истакна дека се додека за нив е пратеник, нема ништо спорно така да им се обраќа. - Како ќе се однесувате кон мене, така и ќе ви се обраќам. Не сум обременет од тој аспект, рече тој.

XS
SM
MD
LG