Достапни линкови

Путин укина дел од санкциите против Турција


Претседателот на Русија Владимир Путин

Русија укина дел од санкциите против Турција кои беа воведени откако турскиот воен авион беше соборен од руски воен авион во близина на границата со Сирија, во ноември 2015 година. Со декретот потпишан од претседателот Владимир Путин се укинува ограничувањето за вработување на турски работници и на турски фирми што работат во Русија. Исто така делумно се враќа договорот за движење на граѓаните на секоја земја, кој беше суспендиран откако авионот беше соборен. Еден руски пилот почина во инцидентот. Русија и Турција презедоа големи чекори да ги подобрат релациите од тогаш, а Путин се согласи да ги укине некои од санкциите по состанокот со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 3 мај 3. Русија ја задржа забраната за увоз на турските домати. Анкара одговори со високи тарифи за увоз на руската пченица од средината на март, но продолжи ксо упувања по средбата на претседателит.

XS
SM
MD
LG