Достапни линкови

Докторот Чапаровски се уште на распит во полициска станица


Полициска станица

Директорот на неврохирургија, Александар Чапаровски кој е приведен по пријава од пациент за земање мито се уште e во полициска станица, потврдија од МВР. На распитот присуствуваат инспектори за финансиски криминал.

По распитот во полициска станица тој ќе биде изведен пред јавен обвинител и ќе му биде поднесена крвична пријава. Од МВР велат дека Обвинителот ќе одлучи дали ќе му биде одредена мерка притвор и дали ќе биде прифатена кривичната пријава.

XS
SM
MD
LG