Достапни линкови

Во истрагата за инцидентите во Собранието се вклучува обвинителството за гонење на организиран криминал


Во скопскиот Кривичен суд им се суди на деветтемина обвинети за насилствата во македонското Собрание

Јавното обвинителство излезе со соопштение во кое се вели дека спровело сеопфатна постапка за случувањата во Собранието на 27 април и оти Основното јавно обвинителство Скопје презело голем број истражни дејствија и прибавивило обемен доказен материјал.

По разгледување на доказниот материјал, обвинителството утврдило дека постои содејство на неколку осомничени во целокупните збиднувања во објектот на Собранието во надворешниот појас и во внатрешноста на објектот во целина.

Според Јавното обвинителство станува збор за сплет на инкриминирани дејствија кои што значат остварување на поголем број кривични дела кои не можат да се припишат само како деликт на масата, ниту пак на од таму произлезени конкретни кривични дела на сторители.

Како што се наведува во соопштението, Основното јавно обвинителство Скопје од досега прибавениот доказен материјал оценило дека во кривично правниот настан кој го истражувало , во оваа фаза, согласно законските прописи, потребно е да се вклучи и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, бидејќи дел од преземените дејствија од лица инволвирани во настанот се во надлежност на ова обвинителство.

Од тие причини списите на предметот се доставени до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, кое го презема натамошното постапување, објави обвинителството

XS
SM
MD
LG