Достапни линкови

Најмалку 80 мртви во експлозијата во Кабул


Експлозија во Кабул

Најмалку 80 лица загинаа, а повеќе од 350 се повредени во силната експлозија во центарот на Кабул, соопшти Министерството за здравство на Авганистан. Експлозијата која се случи изутрината е предизвикана од автомобил бомба, во област во која се наоѓа Амбасадата на Германија и други амбасади како и претседателската палата. Многу од загинатите и повредените се цивили, а експлозијата предизвика голема осуда од светскитете лидери кои нападот го нарекоа "одвратен" и "варварски".

"За жал меѓу загинатите и повредените има и многу жени и деца", изјави портпаролот на Министерството за здравство Вахид Мајрох. Тој рече дека бројот на жртвите ќе продолжи да се искачува бидејќи повеќе тела се извлечени од урнатините по еден од најкрвавите напади во главниот град на земјата која е растргнат од војна со децении. Министерството за внатрешни работи ги повика жителите Кабул да донираат крв.

XS
SM
MD
LG