Достапни линкови

Изгласани постојани работни тела во Собранието


Со 98 гласови за, ниту еден воздржан и ниту еден против, Собранието ја изгласа одлуката за основање на постојани работни тела. Оваа точка од дневниот ред помина без расправа бидејќи немаше пријавени говорници. Предлог одлуката за основање на постојани работни тела на Собранието на Република Македонија, е поднесена од пратениците Горан Мисовски, Ејуп Аљими и Илија Димовски.

На ова претходеше конститутивната седница на Собранието која заврши откако пратениците ги изгласаа претседателот, заменик на претседателот, членовите и нивните заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Точно напладне треба да продолжи втората седница за избор на нова влада што почна вчера, треба да заврши најдоцна до полноќ кога треба да се гласа за предложеното решение од мандатарот Зоран Заев со најмалку 61 глас.

XS
SM
MD
LG