Достапни линкови

Вучиќ ја презема функцијата претседател на Србија


Досегашниот премиер на Србија Александар Вучиќ ќе стапи на должност претседател на Србија.

Досегашниот премиер на Србија Александар Вучиќ денеска ќе положи заклетва пред пратениците во парламентот и ќе стапи на должност претседател на Србија. Претходно ќе биде констатирана неговата оставка со што на владата и престанува мандатот и тече рокот од 30 денови за избор на нова влада. По повод стапувањето на Вучиќ на должноста шеф на државата, повеќе организации и движења најавија протести во Белград.

XS
SM
MD
LG