Достапни линкови

Собранието на Македонија ќе гласа за новата влада


Седница на Собранието на Македонија за избор на Влада. Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски, Хазби Лика, 30.05.2017.

Македонскиот парламент денеска ќе ја продолжи вчера започнатата расправа за новата влада предложена од мандатарот, претседателот на СДСМ Зоран Заев. Тој во вчерашното обраќање најави дека неговиот кабиент ќе биде посветен на економијата и идното члкенство на земјата во НАТО и ЕУ. До денеска на полноќ треба да се гласа за владата. За нејзин избор треба да се изјаснат најмалку 61 пратеник во 120-членото Собрание. Партиите од новата владина коалиција СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците во Парламентот имаат поддршка од 62 пратеници.

XS
SM
MD
LG