Достапни линкови

Македонската амбасадорка повикана на разговор во српското МНР


Српското Министерство за надворешни работи ја повика македонската амбасадорка Вера Јовановска Типко да даде објаснувања за последните настани во Скопје, јавија српските медиуми. Една од клучните теми било објавувањето на тонските записи од прислушкувани разговори меѓу лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ, на српскиот пратеник и новинар Мирослав Лазански и на службеникот на српската Агенција за безбедност и информации во српската амбасада во Скопје, Горан Живаљевиќ.

XS
SM
MD
LG