Достапни линкови

Расправата за избор на нова влада продолжува утре


Седница на Собранието за избор на Влада. Мандатарот Зоран Заев ја образлага програмата на новата влада

Заврши денешната расправа во Собранието за изборот на новата Влада. Мандатарот Зоран Заев во денешното обраќање пред Парламентот најави дека ќе предводи реформска влада преку која ќе има живот за сите во Македонија. Расправата продолжува утре кога и истекува рокот на полноќ за избор на новата влада. За нејзин избор треба да се изјаснат најмалку 61 пратеник во 120-членото Собрание. Партиите од новата владина коалиција СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците во Парламентот имаат поддршка од 62 пратеници. Претходно со 66 гласа за пратениците го усвоија предлогот следна точка на дневниот ред да биде изборот на новата влада.

XS
SM
MD
LG