Достапни линкови

За Харадинај Србија е непријател на Косово


Рамуш Харадинај

Кандидатот за премиер на Косово, Рамуш Харадинај изјави дека Србија е непријател на неговата земја. Тој во денешното интервју за косовската телевизија РТК, порача дека ако Србија продолжи да не го признава Косово тогаш и Косово нема да ја признава Србија.

Харадинај наведе и дека е многу поспособен од новоизбраниот претседател на Србија, Александар Вучиќ бидејќи лично учествувал во создавање на косовската држава, додека Вучиќ ја наследил државата, создадена пред 200 години.

XS
SM
MD
LG