Достапни линкови

Руски хакер се соочува со екстрадиција


Чешкиот суд каде беше сослушан рускиот хакер.

Чешкиот суд денеска донесе одлука дека рускиот државјанин Јевгениј Никулин кој во САД се соочува со обвинување за хакирање на компјутери на американски компании може да биде екстрадиран. Освен САД и Русија побара екстрадиција на Никулин, кој беше уапсен од чешките власти во октомври врз основа на налогот на Интерпол и по барање на американските власти. Според судот, тој може да биде екстрадиран и во САД и во Русија. 29 годишниот Никулин е обвинет за хакирање и кражба на информации од Линкедин, Дропбокс и други компании.

XS
SM
MD
LG