Достапни линкови

Уапсен осомничен кој планирал напад во Берлин


Полицијата обезбедува локација во Берлин. Архивска фотографија.

Германските власти соопштија дека уапсиле 17 годишен Сириец која е осомничен за планирање на самоубиствен бомбашки напад во Берлин. Според полицијата, осомничениот, чие име не е соопштено, дошол во земјата во 2015 година и бил регистриран како барател на азил.

Осомничениот живеел во дом за малолетни бегалци во Берлин од 2016 година. Во декември, минатата година, државјанин на Тунис со камион влета во толпа луѓе при што загинаа 12 лица. Напаѓачот Анис Амри беше убиен од полицијата во Италија. Милитантната група Исламска држава презема одговорност за нападот.

XS
SM
MD
LG