Достапни линкови

Холандскиот Сенат го одбри договорот на ЕУ со Украина


Девојче во рака го држи украинското знаме, а во позадина е знамето на ЕУ.

Холандскиот Сенат го одобри Договорот за асоцијација на ЕУ со Украина со што ќе се отвора патот за ратификација на пактот за зајакнување на односите меѓу Унијата и земјата. Холандија беше последната земја членка на ЕУ која требаше да го одобри договорот, кој првично се очекуваше да биде потпишан во ноември 2013 година.

Тогашниот претседател на Украина, Виктор Јанукович се двоумеше за договорот поради притисокот од Русија, по што во земјата започнаа масовни протести по кои тој беше соборен од власт во февруари 2014 година. Европски дипломати за Радио Слободна Европа соопштија дека договорот може да биде ратификуван за време на самитот на ЕУ и Украина во јули, а да стапи на сила есенва.

XS
SM
MD
LG