Достапни линкови

МВР ја проширува истрагата за насилствата во Собранието


Демонстрантите од иницијативата „ За заедничка Македонија“ во Собранието на 27 април.

Од Секторот за внатрешни работи Скопје соопштија денеска дека до Основното јавно обвинителство за настаните во Собранието на 27 април доставиле четири Известувања кои се однесуваат на проширување на кривична пријава и известување со дополнителни дејствија за лица кои се претходно кривично пријавени. Според СВР-Скопје станува збор за четири лица, а на информативен разговор било повикано и едно лице кое потоа било ослободено.

СВР Скопје, како што е наведено, во консултација и соработка со скопското Основното јавно обвинителство и понатаму презема мерки и активности за настаните во Собранието и обезбедување на преостанатите кривично пријавени лица, како и на идентификација и документирање и на други лица учесници во настаните.

XS
SM
MD
LG