Достапни линкови

Вучиќ не планира да ја внесе Србија во НАТО


Српскиот премиер и новоизбран претседател, Александар Вучиќ.

Српскиот премиер и новоизбран претседател, Александар Вучиќ изјави дека властите не планираат да ја внесат земјата во НАТО. Тој, како што посочи во интервју за телевизијата Пинк, учествувал во работата на Советот на НАТО, при што на сите им соопштил дека земјата нема стремеж да и се приклучи на Алијансата.

„Ние се стремиме да бидеме воено неутрални, да бидеме надвор од сите воени блокови“, изјави Вучиќ.

Според него, токму затоа властите обезбедувале повеќе средства за безбедноста на Србија.


XS
SM
MD
LG