Достапни линкови

Чешкиот суд расправа за екстрадиција на руски хакер


Илустрација.

Чешкиот суд денеска ја разгледува можноста за екстрадиција на рускиот државјанин Јевгениј Никулин кој во САД се соочува со обвинување за хакирање на компјутери на американски компании. Русија исто така побара екстрадиција на Никулин, кој беше уапсен од чешките власти во октомври врз основа на налогот на Интерпол и по барање на американските власти.

Сослушувањето на Никулин првично беше закажано за 11 мај, но неговиот адвокат Мартин Садилек побара одложување поради недостиг на целокупната документација за случајот. 29 годишниот Никулин е обвинет за хакирање и кражба на информации од Линкедин, Дропбокс и други компании.

XS
SM
MD
LG