Достапни линкови

Холандскиот Сенат ќе гласа за договорот на ЕУ и Украина


Знамето на ЕУ и на Украина.

Холандскиот Сенат се очекува денеска да гласа во корист на Договор за асоцијација на ЕУ со Украина со што ќе се отвори патот за ратификација на пактот за зајакнување на односите меѓу Унијата и земјата. Гласањето е една од фазите за остварување на договорот, кој првично требаше да биде потпишан во ноември 2013 година.

Тогашниот претседател на Украина, Виктор Јанукович се двоумеше за договорот поради притисокот од Русија, по што во земјата започнаа масовни протести по кои тој беше соборен од власт во февруари 2014 година. Европски дипломати за Радио Слободна Европа соопштија дека договорот може да биде ратификуван за време на самитот на ЕУ и Украина во јули, а да стапи на сила есенва. Холандија е последната земја членка на ЕУ која треба да го одобри договорот со Украина.


XS
SM
MD
LG