Достапни линкови

Бомбашки напади во Багдад, најмалку 27 жртви


Вториот напад во Багдад со експлозија на автомобил бомба.

Најмалку 27 луѓе загинале, а повеќе од 100 биле повредени во два бомбашки напади во Багдад, соопштија безбедносните сили. Милитантната група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во слаткарница во регионот Карада при кој загинаа 16 лица. Меѓу жртвите има деца и жени. Според милитантите, целта на нападот биле шиитски муслимани. Во вториот напад во експлозија на автомобил бомба во близина на еден од главните мостови во Багдад загинаа 11 луѓе. Се уште никој не презема одговорност за вториот напад.


XS
SM
MD
LG