Достапни линкови

Во Берлин состанок за Украина


Берлин

Претставници на Русија, Украина, Германија и Франција денеска ќе се состанат во Берлин за да се обидат да ја потурнат примената на мировната спогодба за источниот дел на Украина. Портпаролот на министерството за надворешни работи Мартин Шефер изјави дека до ова доаѓа поради влошувањето на и онака тешката ситауција во источна Украина. Дипломатите ќе се обидат да ги премостат разликите меѓу Русија и Украина во примената на мировната спогодба постигната во Минск во 2015 година со посредство на Франција и Германија. Во досегашните судири на истокот на Украина меѓу владините сили и бунтовниците поддржани од Москва загинаа над 10 илјади луѓе.

XS
SM
MD
LG