Достапни линкови

Москва најави одговор за протераните руски дипломати од Молдавија


претседателот на Молдавија Игор Додон на средба со странски амбасадори во Кишињев, 29.05.2017.

Заменик шефот на руската дипломатија Григориј Карасин вети силен одговор откако молдавските власти протераа петмина членови на руската амбасада во Молдавија. На дипломатите им е даден рок од 72 часа да ја напуштат земјата. „Тоа е провокација и удар врз оние сили во Молдавија предводени од претседателот Игор Додон кои навистина сакаат нормализација на билатералните односи со Русија“, изјави Карасин. До ова дојде откако поранешен пратеник бил уапсен од прозападните молдавски власти под обвинување дека предал тајни документи во руската амбасада во Кишињев.

XS
SM
MD
LG