Достапни линкови

Никола Тодоров поднел оставка од функцијата пратеник


Архива - Фотографија од прес-конференција на Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ

Никола Тодоров попладнево објави дека поднел оставка од функцијата пратеник во Собранието на Македонија. Тој на својот фејбук профил напишакл дека планира во иднина повеќе да се посвети на својата основна професија како адвокат, пренесува МИА.

„Имајќи предвид дека планирам во иднина повеќе да се посветам на мојата основна професија како адвокат, како и да можам да дадам поголем придонес во партиските активности, дозволете ми да ве информирам дека одлучив да поднесам оставка на функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија“, вели Тодоров.

XS
SM
MD
LG