Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ - Потребно е повеќе време за увид во составот на новата влада


Архива - членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски.

Еден ден е недоволен за анализа на владината програма, мора да се остави повеќе време за пратениците и јавноста да добијат подобар увид во составот на владта, нејзините планови за работа и главните проекти, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Што сака да сокрие Зоран Заев во предлог програмата на новата Влада и во предлог листата за нејзини кандидати, е суштинското прашање што се поставува откако е обелоденет шверцерскиот обид на СДС да се даде само еден ден, првпат во историјата на Македонија, за анализа и разгледување на предлог програмата и на листата на кандидати за новата Влада, рече денеска на прес-конференција членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски.

Тој рече дека начинот на кој Заев се обидувал да го скрати времето за анализа на програмата што ја нуди и нејзиниот кадровски состав на идната Влада е краен недемократски чин и оти на пратениците кои не се дел од собраниското мнозинство не им се остава ниту минимум време за квалитетна подготовка на дискусија за или против новиот состав и новата програма на новата влада, рече Милошоски.

XS
SM
MD
LG