Достапни линкови

Џафери оствари средба со белгискиот амбасадор Бонтан


Архива - Талат Џафери, претседател на Собранието на РМ.

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска оствари официјална средба со амбасадорот на Кралството Белгија во Македонија Франсоа Бонтан. Амбасадорот Бонтан ја подвлече натамошната подготвеност на Кралството Белгија да одржува, развива и негува потесни билатерални односи со Република Македонија, како во процесите на евроинтеграцијата на земјата, така и меѓу парламентите на двете земји, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателт на Собранието. Тој изразил увреување и очекување дека во наредниот период ќе дојде до стабилизиција на државата на политички план, со што ќе се создадат продуктивни услови за заживување и на економските врски.

Џафери го запознал амбасадорот со последните подготовки за утрешната седница кога се очекува да биде избрана новата влада, по што ќе следи формирање на работните тела во Собранието, делегациите, пратеничките групи за соработка со парламенти на одделни држави, а потоа и законски измени во контекст на локаните избори наесен.

XS
SM
MD
LG