Достапни линкови

Груевски - Новата влада без доволно искуство и стручност


Архива - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски составот на новата влада предложен од мандатарот Зоран Заев го оцени како набрзина создадена со цел да ги задоволи апетитите на челните луѓе во партиите, без воопшто да се гледа за нивната стручност и искуството во минатото. Груевски рече дека многу од нив се со криминални и корупциски афери во нивното досегашно работење и оти поради тоа не може да стане збор за реформска влада.

„Напротив може може да стане збор за антиреформска влада ова што се предлага на шверцерски начин да се помине низ Парламентот“, рече Груевски.

Тој рече дека во Владата ќе седат луѓе од СДСМ кои ги изгубиле изборите и не ја добиле поддршката од мнозинството граѓани и според него СДСМ нема да работи на реформи, бидејќи најважните ресори во кои сметале дека тие треба да се направат, како што се правдата и здравството, им ги отстапиле на коалициските партнери, а одбегнале да назначат барем еден министер за привлекување странски инвестиции, рече Груевски. Тој денеска направи увид во градежните работи на новата зграда на Акционерско друштво за изградба и стопансисување со станбен и деловен простор.

XS
SM
MD
LG