Достапни линкови

Загинати и повредени во невреме во Москва


Русија - Луѓе се обидуваат да се заштитат со чадор во невремето во Москва. 29.05.2017

Силно невреме го погоди рускиот главен град Москва, при што загинале најмалку четири луѓе и десетици биле повредени. Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин изјави дека над 40 луѓе биле повредени во денешното невреме и изрази сочувство за роднините на жртвите. Министерот за енергетика изјави дека невремето оштетило далноводи во Москва оставајќи околу 7.300 луѓе без електрична енергија. Невремето го зафати и транспортниот сиситем на градот, железнички врски се откажани или одложени.

XS
SM
MD
LG