Достапни линкови

Заев - Изборот на владатa до среда вечер


Зоран Заев претседател на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада Скопје, 28.05.2017

Лидерот на СДСМ и мандатар Зоран Заев денеска изјави дека согласно роковите очекува новата влада да биде избрана најдоцна до среда вечер, а прва обврска да биде укинување на ектерното тестирање. На новинасрки прашања Заев истакна дека се надева оти нема да мора да бидат искористени максималните рокови заради тоа што праксата покажала и пократко време од тоа што било предвидено во Деловникот, а дека веднаш по изборот на владата ќе следи укинување на екстерното тестирање на учениците, рече Заев.

„Седницата е закажана за утре, а рокот да се избере е 48 часа, што значи дека до среда вечер треба да завршиме со изборот на владатa. Тоa се максималните рокови.“

Тој рече дека главната работа на новата влада ќе биде во две насоки: комплетно реализирање на состаноци и екипирање на тимови заради реформите, и унапредување на севкупниот квалитет на животот на граѓаните и еднаквоста во општеството, пред се социјалната.

XS
SM
MD
LG