Достапни линкови

ЕУ најави хуманитарна помош за Авганистан, Пакистан и Иран


Авганистан - Внатрешно раселени деца во шатори во Џалалабад. 18.01.2017

Европската унија (ЕУ) најави хуманитарна помош од над 44 милиони евра за Авганистан, Пакистан и Иран. Финасирањето ќе ги поддржи авганистанските бегалци во Иран и Пкистан, помош за внатрешно раселените лица во Авганистан и подобрување на управувањето со ризици од катастрофи во Централна Азија, соопшти комесарот на ЕУ за хуманитарна помош и менаџирање со кризи Кристос Стилианидес.

Во соопштението се вели дека 25 ипол милиони евра ќе бидат насочени за помош на внатрешно раселените лица во Авганистан, десет милиони евра за авганистанските бегалци во Иран и околу седум милиони евра за авганистанските бегалци и внатрешно раселените лица во Пакистан. Помошта ќе се фокусира на области како што се заштитата, храната, здравје, вода, засолништа, хигиена и санитарни услови.

XS
SM
MD
LG