Достапни линкови

Партиите одржаа координација кај Џафери за избор на новата Влада


Архива - Претседателот на Собранието Талат Џафери.

Во функција на утрешната седница за избор на нова Влада денеска се одржа координативна средба кај претседателот на Собранието Талат Џафери, на која не присуствувал претставник на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во информациите од кабинетот на собранискиот претседател.

Џафери заедно со Оливер Спасовски од СДСМ, Ејуп Алими од ДУИ, Весел Мемеди од Алијанса на Албанците, Бардул Даути од ДПА и Африм Гаши од БЕСА го договарале редоследот на обраќање на претставниците на партиите по обраќањето на мандатарот Зоран Заев.

Во Деловникот за работа на Собранието е предвидено мандатарот да ја образложи програмата и предлогот за состав на Владата пред пратениците, а Собранието треба да води претрес најмногу два дена. Гласањето за избор на Владата се врши по предлогот за состав на Владата во целина, со јавно гласање. Гласањето се врши по завршување на претресот најдоцна во 24 часот, a Владата е избрана ако за неа гласало мнозинството од вкупниот број пратеници. Претседателот на Собранието го известува претседателот на државата за изборот на Владата.

XS
SM
MD
LG