Достапни линкови

Почина поранешниот грчки премиер Константин Мицотакис


Атина

Поранешниот грчки премиер Константин Мицотакис почина минатата ноќ на 98-годишна возраст, соопшти неговото семејство. Во кусото соопштение не се посочуваат детали за причините за смртта.Мицотакис, кој е роден на 18 октомври 1918 година, речиси 60 години играше активна улога на грчката политичка сцена. Тој од политиката официјално се повлече во 2004 година, кога истече неговиот последен мандат како пратеник. Од 1984 до 1993 година Константин Мицотакис беше лидер на грчката конзервативна партија Нова Демократија, а од 1990 до 1993 година и премиер на Грција. Претходно, во неколку конзервативни влади тој ги извршуваше функциите министер за финансии и за надворешни работи. Неговиот син Киријакос Мицотакис е актуелан лидер на Нова демократија, а неговата ќерка Дора Бакојани е поранешен министер за надворешни работи и за култура и некогашен градоначалник на Атина.

XS
SM
MD
LG