Достапни линкови

Демократите бараат сведочење на Кушнер за врски со Русија


Џаред Кушнер

Демократите во САД побараа сведочење на клучниот советник во Белата куќа Џаред Кушнер во врска со обвинувањата дека тој се обидел да воспостави тајна комуникација со Русија пред инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп кој е татко на неговата сопруга Иванка. Трамп на Твитер ваквите обвинувања ги нарече „фабрикувани лажни вести“. Американските медиуми јавија дека Кушнер во декември лани зборувал со рускиот амбасадор во Вашингтон Сергеј Кислијак за воспоставување врски меѓу Кремљ и тимот на Трамп.

XS
SM
MD
LG