Достапни линкови

Во Париз средба меѓу Макрон и Путин


Новиот француски претседател Емануел Макрон и рускиот претседател Владимир Путин

Новиот француски претседател Емануел Макрон изјави дека ќе има извесни барања до рускиот претседател Владимир Путин на денешната средба во Версај кај Париз. Посетата на Путин е симболична во историска смисла и нема да има официјален карактер, бидејќи Путин нема да биде примен во Елисејската палата која е резединција на францускиот претседател. Путин всушност ќе присуствува на изложба посветена на рускиот цар Петар Велики. По изложбата двајцата претседатели ќе имаат тет а тет разговори во врска со иднината на ЕУ, борбата против тероризмот како и кризите во Украина и Сирија.

XS
SM
MD
LG