Достапни линкови

Северна Кореја развива противавионски систем


Илустрација-тест на балистички ракети во Северна Кореја

Севернкорејските медиуми објавија дека земјата развива нов тип на противавионски наведуван систем кој може да открива и напаѓа ралични цели кои доаѓаат од повеќе правци. Државните медиуми пренесоа дека лидерот Ким Јонг Ун го следел тестирањето на системот и наредил негово масовно производство и распоредување низ целата земја. Според корејските медуми, Ким бил задоволен од резултатите и го наредил распоредувањето за како што се наведува, да се „уништат непријателските соништа за контрола на небото“. Северна Кореја два пати тестираше атомски бомби и десетици пати балистички проектили во обид да развие проектили кои ќе имаат досег до Соединетите Американски Држави.

XS
SM
MD
LG