Достапни линкови

Мрежата на манчестерскиот бомбаш можно е да е се уште голема


Илустрација

Уште припадници на мрежата на манчестерскиот бомбаш самоубиец Салман Абеди може да се на слобода, но Британското министерство за внатрешни работи го намали нивото на опасност од нов терористички напад поради значителен напредок во истрагата.

Полицијата објави дека 1000 луѓе работат на истрагата обидувајќи се да ги најдат соучесниците на Абеди и да ги спојат информациите за неговото движење во деновите пред нападот на 22 мај во кој беа убиени 22 лица во концертна сала.

Властите објавија дека уапсиле голем дел од мрежата на соучесници кои стојат зад бомбашкиот напад. Во притвор се 11 лица меѓу кои и постариот брат на бомбашот. Другот брат и таткото на Абеди се притворени во Либија.

Обезбедувањето останува големо на големите јавни настани кои треба да се одржат деновиве во цела Британија. Големата Манчестерска автомобилска трка која се одржа денеска беше под постојано обезбедување од полицајци вооружени со автоматско оружје.

Властите посолија дека под надзор на разузнавачките агенции се околу 3000 осомничени екстремисти.

XS
SM
MD
LG