Достапни линкови

Груевски- оставаме огромни средства во Буџетот


Архивска фотографија-претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски

Во Буџетот на Република Македонија оставаме огромни средства на новото парламентарно мнозинство за разлика од 2006 година кога имаше само три милиони евра кога влеговме во Владата, но и десетици подготвени извршувања на добиени тужби од компании кои со месеци чекале да се активираат откако ќе започне со работа новата влада.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во одговор на прашање по увидот во градежните активности за реконструкција на делот од автопатот од Скопје кон Куманово.

" На почетокот од неделава во Буџетот на Република Македонија имаше на располагање 180 милиони евра, а откако Уставниот суд донесе одлука за исплаќање на субвенциите за земјоделците околу 50 милиони евра ќе одат за исплата на земјоделски субвенции", изјави Груевски.

Вели дека во 2006 година само што влегле во Владата се активирале десетици извршни решенија на изгубени судски рочишта што ги имала претходната влада на СДСМ поради што тогаш новата влада на ВМРО-ДПМНЕ била блокирана.

"Тоа е начинот на кој работи СДСМ, а ние им оставаме околу 130 милиони евра на располагање. Ме загрижува што СДСМ уште не составиле влада, а веќе бараат изговори за нивното работење коешто ќе следува, зашто немаат никаква сериозна програма и план што ќе работат", рече Груевски.

XS
SM
MD
LG