Достапни линкови

Авганистан-11 загинати додека оделе на свадба


Авганистанската провинција Логар

Во експлозија на бомба поставена покрај патот загинаа 11 членови на исто семејство додека патувале на свадба во источната авганистанска провинција Логар, соопштија локалните власти. Пет деца, пет жени и еден маж загинаа денеска кога нивното возило наиде на бомбата. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот но агенциите цитирајќи го шефот на локалната полиција јавуваат дека бомбата била поставена од Талибанците. Најмалку 3498 цивили се убиени, а 7320 повредени низ Авганистан во текот на 2016 година, што е пораст за три проценти во однос на претходна година, се наведува во извештајот на Обединетите нации објавен во февруари.

XS
SM
MD
LG