Достапни линкови

Трамп патува во Саудиска Арабија, Израел,Италија и Брисел


Претседателот на САД Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп заминува на своето прво патување надвор од земјата откако ја презема функцијата додека во Вашингтон се продлабочува кризата поради истрагата за неговите соработници и нивните врски со руски претставници.

Администрацијата на Трамп се надева дека посетите на Саудиска Арабија, Израел, Италија, Ватикан и Брисел ќе помогнат за зајакнување на американските клучни сојузништва, особено на Блискиот исток. Дел медиуми јавуваат дека Трамп во февруари се обидел да направи притисок врз Коми да се откаже од истрагата за неговиот национален советник за безбедност за неговите врски со Русија.

Белата куќа исто така се справува и со извештаите дека за време на посетата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, Трамп му открил доверливи информации за терористичката група Исламска држава кои доаѓале од израелските служби во Сирија.

XS
SM
MD
LG