Достапни линкови

Потомците на Александар Македонски, признати во Пакистан

Калашите, кои велат дека се потомци на војниците на Александар Македонски со векови живееле во своевидна изолација во Пакистан. Сега ова мало паганско племе го доби должното признавање како посебна етничка и верска група.
Покажи повеќе

Со векови членовите на античкото паганско племе Калаши беа оставени во заборав, но заштитени од надворешниот свет во далечните планински предели во северозападен Пакистан. Калашите велат дека се потомци на војниците на Александар Македонски од пред 2.300 години. Оваа заедница денес брои околу 4.000 луѓе кои имаат посебен јазик, вера и начин на живеење. Но, тие долго време не можеа да се водат како посебна етничка група во Пакистан.
1

Со векови членовите на античкото паганско племе Калаши беа оставени во заборав, но заштитени од надворешниот свет во далечните планински предели во северозападен Пакистан.

Калашите велат дека се потомци на војниците на Александар Македонски од пред 2.300 години. Оваа заедница денес брои околу 4.000 луѓе кои имаат посебен јазик, вера и начин на живеење. Но, тие долго време не можеа да се водат како посебна етничка група во Пакистан.

Тоа се смени во април годинава кога регионалниот суд во градот Пешавар и официјално ја призна оваа заедница како посебна етничка и верска група. Тие сега ќе можат да се изјаснуваат како Калаши на првиот попис во Пакистан што се одржува по 20 години. 
2

Тоа се смени во април годинава кога регионалниот суд во градот Пешавар и официјално ја призна оваа заедница како посебна етничка и верска група.

Тие сега ќе можат да се изјаснуваат како Калаши на првиот попис во Пакистан што се одржува по 20 години. 

Човекот зад петицијата за признавање на Калашите кој со години се борел за тоа вели дека се остварил неговиот сон. „Веста се прошири низ нашите села како оган“, изјави 32 годишниот Вазир Зада, додавајќи дека луѓето се многу среќни. „Дури и нашите муслимански соседи се среќни. Тие велат „нашите браќа сега добија идентитет“, додава Заба, наведувајќи дека сега ќе ги добијат сите права и обврски како што ги имаат другите заедници во Пакистан. 
3

Човекот зад петицијата за признавање на Калашите кој со години се борел за тоа вели дека се остварил неговиот сон.

„Веста се прошири низ нашите села како оган“, изјави 32 годишниот Вазир Зада, додавајќи дека луѓето се многу среќни. „Дури и нашите муслимански соседи се среќни. Тие велат „нашите браќа сега добија идентитет“, додава Заба, наведувајќи дека сега ќе ги добијат сите права и обврски како што ги имаат другите заедници во Пакистан. 

Калашите не наликуваат на ниту една друга заедница во Пакистан. Половината од нив практикуваат форма на антички Хиндуизам со влијание на пагански верувања. Тие прославуваат верски празници со музика, игри и алкохол кои сами го произведуваат.  Нивните ритуали вклучуваат мажени жени да бегаат за други мажи, како и момчиња да имаат сексуален однос со која било жена што ќе ја изберат кога ќе достигнат пубертет. Други ритуали вклучуваат жртвување десетици кози.
4

Калашите не наликуваат на ниту една друга заедница во Пакистан. Половината од нив практикуваат форма на антички Хиндуизам со влијание на пагански верувања.

Тие прославуваат верски празници со музика, игри и алкохол кои сами го произведуваат. 

Нивните ритуали вклучуваат мажени жени да бегаат за други мажи, како и момчиња да имаат сексуален однос со која било жена што ќе ја изберат кога ќе достигнат пубертет. Други ритуали вклучуваат жртвување десетици кози.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG