Kонтроли на сите бегалци од Мосул во потрага по милитанти на ИСИЛ
Ирачката војска врши долги и темелни проверки на сите луѓе кои бегаат од Мосул. Стотиците бегалци од Мосул се проверуваат еден по еден со цел да се најдат милитанти и соработници на Исламската држава, кои се обидуваат да избегаат или да се инфилтрираат во деловите кои ги контролира ирачката влада.