Достапни линкови

Почина Рокфелер на 101 година


Милијардерот Дејвид Рокфелер

Милијардерот и филантроп Дејвид Рокфелер почина денеска на 101 година. Портпаролот на Рокфелер Фрејзер Сајтел рече дека Дејвид Рокфелер починал во сон во својот дом во Покантико Хилс во државата Њујорк. Тој водеше голема мрежа на семејни инвестиции вклучувајќи ја и банката Морган Чејс. Беше највозрасниот жив член на познатото семејство Рокфелер, кое е едно од најпознатите во Америка и по своите филантропски активности. Форбс пред две години го процени неговото богатство на три милијарди долари.


XS
SM
MD
LG