Достапни линкови

САД нема да го повторат тврдењето дека Британците го шпионирале Трамп


Британската премиерка Тереза Меј

Портпаролот на британскиот премиер Тереза Меј изјави дека САД ветиле дека нема да се повтори тврдењето дека британските разузнавачки служби го шпионирале американскиот претседател Доналд Трамп. Британската влада јасно им стави на знаење на САД дека "смешни" се тврдењата и тие треба да бидат игнорирани, изјави портпаролот Џејмс Клак. Тој рече дека Вашингтон ја уверил Британија оти тврдењата нема да се повторат. Портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер вчера за медиумите цитираше аналитичар кој посочил дека разузнавачка агенција во Велика Британија му помогнала на претседател Барак Обама да го шпионираат Трамп пред претседателските избори во 2016 година.

XS
SM
MD
LG