Достапни линкови

Тилерсон: Заврши политиката на стратешко трпение кон Северна Кореја


Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон

Американскиот државен секретар РексТилерсон изјави дека воената акција е "опција што е на маса" ако заканата од Северна Кореја се зголемува. Говорејќи денеска во Сеул, Тилерсон рече дека политиката на "стратешко трпение" завршила и оти во Вашингтон се истражуваат голем број на нови дипломатски, економски и воени мерки против Пјонгјанг поради нуклеарната програма. Тој, исто така, застана во одбрана на воведување на систем за противракетна одбрана на САД во Јужна Кореја, потег кој ги разлути Кина и Северна Кореја.
Тилерсон ова го кажа по посетата на демилитаризираната зона која ги дели двете Кореи. Тилерсон, говорејќи еден ден претходно во Токио, изјави дека е потребен "нов пристап" по две децении, на како што рече, неуспешните обиди да се "донесе Северна Кореја до точка на денуклеизирање".

XS
SM
MD
LG