Достапни линкови

Во авионски напад во Сирија, над 40 загинати


илустрација

Најмалку 42 лица, главно цивили, загинале во вчерашниот авионски напад врз една џамија во подрачје контролирано од сириските бунтовници, соопшти хуманитарната организација Сириска опсерваторија за човекови права. До нападот дошло за време на молитвата во местото Џина во провинцијата Алепо. Се уште не е познато чии биле авионите кои ја бомбардирале џамијата, меѓутоа познато е дека во овој регион оперираат руски, американски и сириски авиони.

XS
SM
MD
LG