Достапни линкови

Меркел во посета на Москва


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека германската канцеларка Ангела Меркел ќе ја посети Русија на 2 мај. Односите меѓу Русија и Германија како и други западноевропски земји се затегнати откако пред три години Москва ја презеде контролата врз кримската област во Украина.

Посетата доаѓа во пресрет на изборите во септември на кои партијата на Меркел се соочува со голем предизвик во обидот да ја задржи власта.

Дел од германските функционери јавно изразија стравување дека Русија се обидува да ја покопа Меркел која остро го критикуваше Кремљ за односот кон Украина и Сирија.

Меркел пред посетата на Русија, на 17 март ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.

XS
SM
MD
LG