Достапни линкови

Деновиве ќе продолжи исплатата на субвенциите за земјоделците


Архивска фотографија- протест на земјоделци

За директните субвенции во 2017 година Владата има обезбедено 100 милиони евра. Но, поради различното толкување на Изборниот законик, по последните парламентарни избори дојде до пречки во нивното исплаќање, се вели во соопштението на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. По вчерашното добивање позитивно мислење од Антикорупциската комисија, исплатата на субвенциите ќе продолжи деновиве, односно по завршувањето на формалностите околу стапувањето на должност на новоназначениот директор на платежната Агенција, се наведува во соопштението како реакција на денешната изјава на членот на Извршниот одбор на СДСМ, Љупчо Николовски околу исплаќањето на субвенциите за земјоделците.

Министерството истакнува дека ги почитува законските одредби со кои минатата година на три пати беше запрено исплаќањето на субвенциите поради претходно закажаните парламентарни избори.

XS
SM
MD
LG