Достапни линкови

Бомбаш-самоубиец уби најмалку 25 луѓе во суд во Дамаск


Палатата на правдата во Дамаск, во која е извршен самоубиствениот напад

Најмалку 25 луѓе загинале во самоубиствен бомбашки напад во зграда на суд во главниот град на Сирија, Дамаск- јавија сириските државни медиуми. Агенцијата САНА јави дека бомбаш- самоубиец денеска активирал експлозив во Палатата на правдата во центарот на градот. Во нападот има и многу повредени лица.

Засега никој не ја презел одговорноста за денешниот напад, кој доаѓа на 6-годишнината од почетокот на бунтот против претседателот Башар ал Асад. Во конфликтот во Сирија загинаа околу 300 илјади луѓе, а милиони се раселени.

XS
SM
MD
LG