Достапни линкови

Заев очекува наскоро да биде избран претседател на Собранието


Лидерот на СДСМ Зоран Заев

Планираме да ја тргнеме секоја пречка за изговор од Ѓорге Иванов околу доделувањето на мандатот, изјавил претседателот на СДСМ Зоран Заев, на денешната средба со амбасадорот на Словенија во Македонија, Милан Јазбец. Во таа насока очекувам во следниот период во Собранието да биде избран новиот претседател на Парламентот, кој ќе испрати допис до Иванов дека е формирано парламентарното мнозинство и дека почнува да тече уставниот рок од 10 дена за доделување на мандатот за формирање на новата Влада, рекол Заев на средбата со Јазбец.

Во соопштението од партијата се вели дека тема на состанокот бил процесот на формирање нова Влада во Република Македонија. Заев го информираше амбасадорот Јазбец за обидите од страна на Иванов и Груевски за продлабочување на политичката криза во Македонија, како и за посветеноста на СДСМ за скорешна институцонална разврска на кризата, се наведува во соопштението.

XS
SM
MD
LG