Достапни линкови

Вучиќ: Ќе го зачуваме мирот во Западен Балкан со ЕУ и Германија


српскиот премиер Александар Вучиќ и германската канцеларка Ангела Меркел

„Србија многу инвестираше за зачувување на мирот и стабилноста во регионот“, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ на заедничка прес конференција со германската канцеларка Ангела Меркел по нивната средба во Берлин. Ситуацијата е турбулентна во некои земји од Западен Балкан, изјави тој, изразувајќи уверување дека мирот и стабилноста можат да се зачуваат со помош на ЕУ и Германија. „Со „Берлинскиот процес“ се обидуваме да ги разјасниме нашите обврски кон земјите од регионот и да ги спроведеме нашите ветувања. На сите земји во регионот им се потребни конкретни успеси, а сето тоа води кон поблиски врски меѓу тие држави. Сите земји во регионот имаат перспектива за влез во ЕУ“, изјави Меркел.

XS
SM
MD
LG